#ИјасИмамПредизвик – кампања за достоен живот и социјална правда за лицата со ментални болести

Асоцијација Мисла во соработка со „Солвео“ изработија видео кое има за цел да ја информира јавноста за проблематиката на менталното здравје и да се подигне свеста кај јавноста за потребите, предизвиците и проблемите на лицата со ментални болести и рушење на стигмата кон нив.

Видеото е дел од нивната кампања насочена кон овозможување достоинствен живот и социјална правда за лицата со ментални болести.