ИАЕСТЕ Македонија ги повика студентите да учествуваат проектот за посета на ИТ компании

Студентската организација од техничките факултети, ИАЕСТЕ Македонија објави повик за студенти кои сакаат да бидат дел од еднодневната посета на ИТ компанијата „Гордиан Системи“, со цел да стекнат практично искуство надвор од рамките на факултетот. Повикот е распишан во рамки на проектот на ИАЕСТЕ  „Company Shuttle“, преку кој се организираат еднодневни посети во реномирани македонски компании кои се наменети за сите студенти од техничките факултет во Македонија.

Гордиан Системи е млада компанија за специјализирани информатички услуги и продукти лоцирана во Скопје, Македонија со фокус на услуги во Северна Америка. За време на посетата, студентите ќе имаат можност да се информираат за нивните најуспешни проекти, да научат нешто повеќе за оваа уникатна бранша, како и техничките аспекти и процесот на решавање на проблемите со кои секојдневно се среќаваат информатичките компании. Најинтересниот дел од посетата, ќе биде предизвик во кој посетителите ќе се информираат повеќе за микроконтролерот „Arduino“ и ќе имаат шанса, користејќи го, да се обидат и да научат како се создадава еден паметен IOT систем.

Сите студенти кои сакаар да бидат дел од настанот треба да се пријават на следниот ЛИНК.
Посетата ќе се организира на 10 март, а бројот на учесници е ограничен.

ИАЕСТЕ (IAESTE Association for Exchange of Students for Technical Experience) е меѓународна организација за размена на студенти од техничките факултети, на кои им нуди можност да се здобијат со практично искуство од доменот на студиите, во фирми и институции во странство. ИАЕСТЕ постои во 87 земји во светот, а во Македонија, повеќе од 58 години и веќе 25 години како самостојна организација.