И денеска енормно загаден воздух во Скопје

И утрово скопјани дишат енормно загаден воздух. Вредноста на ПМ10 честичките во воздухот е во црвената зона и изнесува во Центар 195, Карпош 231,  на Ректорат 282 , Лисиче 264 и во Гази Баба 113 микрограми на метар кубен. Мерењата се направени во 9 часот.

Инаку минатата ноќ мерната станица во Лисиче измери и 629 микрограми на метар кубен ПМ10 честички.

Мерна станица Лисиче

 

Мерки за заштита од загадувањето прогласуваат Владата и Градот Скопје кога во два последователни дена ќе се измерат концентрации над 200 микрограми на најмалку две мерни станици. Тоа се сличи кон крајот на минатата година, кога во Скопје еден ден беше воведен и бесплатен јавен превоз, со цел да се натераат граѓаните да ги остават дома своите автомобили. Проблемот со аерозагадувањето тогаш го реши ветрот, по што прекина важноста на итните мерки против загадувањето.