Хуманитарен концерт и изложба на цртежи вечерва во Кино Култура

Денес (22.10) со почеток во 20 часот, во Кино Култура ќе се одржи хуманитарен концерт и изложба на цртежи, како дел од програмата Слободна Сцена на Кино Култура.

Наслов на самиот настан е Колпо Морто – Концертна вечер со Васко Серафимов, Тони Китановски и Виктор Филиповски. Во склоп на вечерта се организира и изложба на цртежи на Серафимов.

На продажба ќе бидат и цд-а од третиот по ред албум на Серафимов, издаден во 2010 година, со наслов WELCOME. Средствата од продажбата на цд-та ќе бидат наменети во хуманитарни цели. Цена на албумот е 150ден.

Влезот е слободен.