„Хјуман Рајтс Воч“: Човековите права ширум светот се загрозени

Човековите права ширум светот се во криза бидејќи светските лидери ги избегнуваат обврските да го почитуваат меѓународното право, се предупредува во годишниот извештај на „Хјуман Рајтс Воч“ (ХРВ), пренесува Н1.

Годишниот извештај на „Хјуман Рајтс Воч“ ги истакнува двојните стандарди на политичарите и „трансакциската дипломатија“ што се одвива во услови на криза и стравувања од ескалација.

Во извештајот објавен претходно, ХРВ предупреди на ескалација на кризата со човековите права ширум светот, со пораст на воени злосторства, репресија врз активистите на човековите права и напади врз универзалните принципи и законите за човекови права од страна на владите.

Извештајот го нагласува се поголемото непочитување на меѓународните закони за човекови права од страна на политичките лидери.