Грција донесе закон за промена на полот

Владата на Грција донесе легислатива која им овозможува на граѓаните да го одберат својот родов идентитет. Овој закон наиде на осудувања од страна на православната црква, која тврди дека овој закон „ќе ги уништи луѓето“.

После два дена дебата, премиерот Алексис Ципрас, го собра парламетот и побара да го поддржи законот кој ќе им овозможи на луѓето правно да можат да го променат својот пол на сите официјални документи без притоа да поминат низ процесот на стерилизација.

Овој закон ќе дозволи транс лицата, од нивната 15 годишна возраст, да можат да го одберат својот посакуван пол. Со ова, Грција си приклучува на повеќето ЕУ членки со слични закони.

„Ниту една традиција, ни религија, ниту перцепцијата за семејство, бара граѓаните да бидат на маргините или да бидат втурнати во институционален и социјален заборав. Каков е тој Господ кој не тера нас да носиме одлуки кои ги втурнуваат децатa во ситуации каде што се малтретирани, понижувани или да се одлучуваат на самоубиство?“ изјави Ципрас пред гласањето.

Ненси Папатинасиоу, психолот кој помага на сос линијата за ЛГБТИ лица во Атина, изјави дека препознавањето на полот е чест случај за живот или смрт на лицата кои се јавуваат и бараат помош.

„Добиваме повици од луѓе од цела Грција од сите возрасти“ таа изјави во едно интервју. „Помеѓу повозрасната генерација, од руралните делови, луѓето се јавуваат и викаат дека „сега разбираат што чувствуваат, и дека тоа има име“.

„Ова е голем чекор за Грција. За прв пат, зборуваме отворено за теми за кои никој порано не се осмелил да зборува.“ додава Папатинасиоу.