Граѓани го тужат Фејсбук поради технологијата за препознавање на лица

Фејсбук се соочува со тужби во судот во Калифорнија поради технологијата за препознавање на лица. Во тужбите се наведува дека Фејсбук собира биометриски информации без изречна согласност од корисникот.

Ова ја вклучува опцијата за означување („тагирање“), која ги воочува лицата на пријателите на поставената фотографија, што претставува кршење на законот во Илиноис. Од Фејсбук соопштија дека енергично ќе се борат бидејќи како што велат нема основа за тужба.

Нејзе ја поднесоа група граѓани, а секој од нив бара компензација. Опцијата за препознавање на лица е во функција од јуни 2011 година, а се заснова на поставените податоци за лицето на корисникот.

„Ако никогаш не сте се означиле на фотографија или сте ја тргнале опцијата, тогаш Фејсбук ги нема тие информации за вас“, соопшти компанијата.

Опцијата за означување не е дозволена во сите држави, а меѓу нив е и Велика Британија. Во САД постои можност да се исклучи.