„Го чистиме Скопје во звуците на музиката“ – еко-акција и „тивко диско“ утре покрај Вардар

Човек убаво се чувствува кога прави убави работи, а има ли нешто подобро отколку чистењето на запуштениот дел покрај преубавата река Вардар, со звуците на музиката од „тивкото диско“, се вели во најавата за утрешниот (05.12) настан Tune In, Tidy Up #cleanskopje.

Збирно место за акцијата што ќе се случува од 10 до 11:30 часот е авто полигонот под Кале.

Делот покрај реката ќе се чисти со маски, ракавици и отпадни кеси, заедно со кафе и грицки. Најавени се награди за тој што најмногу ќе собере ѓубре.

„Не само што ќе ни помогнете да ја подигнеме свеста и да создадеме почиста и поздрава животна средина, туку исто така ќе сретнете и голем број истомисленици!“, велат организаторите на настанот.

Во однос на „тивкото диско“, велат дека секој ученик ќе може да ја симне апликација (тука или тука) и да донесе со себе наполнет телефон на кој ќе биде стримана музика. Секој ќе треба да си донесе и сопствени слушалки, па сите заедно ќе слушаат исти траки додека собираат отпад.

Повеќе инфо за настанот ТУКА.