Ѓорѓи Галетановски – Чомбе e нов директор на Зоолошката градина во Скопје

Ѓорѓи Галетановски – Чомбе е новиот директор на на Зоолошката градина во Скопје, доаѓајќи на местото на Јорданчо Милошевски.

„Чест ми е што градоначалникот Петре Шилегов и градските власти ми ја доверија оваа функција, и давам збор дека ќе работам на подобрување и разубавување на институцијата, чесно, отчетно и транспарентно и во интетрес на сите граѓани. Уште еднаш, благодарам на сите за поддршката,и ветувам дека никогаш нема да заборавам од каде дојдов до тука“, напиша тој на својот Фејсбук профил.

Инаку, Галетановски е познат како менаџер на скопски кафулиња и дискотеки.

Тој најави дека од Зоолошката градина во Белгија во Скопје во август ќе дојдат две слоници, од расата индиски слон и се стари триесетина години, а шимпанзата и другите нови животни се очекуваат да пристигнат во септември.