Германија со хумористично видео ги слави „заседнатите“ херои

Во видео кампања на германските власти, на хумористичен начин се слават граѓаните кои се заседнаа додека земјата го поминува вториот бран од коронавирусот. Во првата реклама со наслов „#СпецијалниХерои – заедно против корона“ е претставен постар маж кој се присетува на зимата во 2020 година.

„Судбината на оваа земја е во наши раце. Па така, собравме заедничка храброст и го направивме тоа што се очекуваше од нас, единствената исправна работа. Не направивме ништо. Апсолутно ништо“, вели тој.

Властите истакнале дека хумористичните видеа се јасна порака до јавноста, односно дека намалување на контактите е витално за превенција од вирусот.

„Нашиот тросед беше фронтот, а нашето трпение оружјето“, се вели во првата реклама.

Во второто видео од кампањата е преставена неговата девојка, додека во третото видео еден маж се присетува на „гејмањето“ за време на карантинот.

„Пред пандемијата, јас бев најмрзеливата личност што се влечкала по оваа држава. Скоро никогаш не го напуштав мојот стан, играв компјутерски игри без да имам никаква амбиција и јадев ладна паста директно од пакувањето бидејќи бев премногу мрзлив да ја загреам. Пријателите ме викаа Мрзеливиот Тоби, но јас бев и премногу мрзлив за да се налутам.“, вели мажот.

Тој продолжува со својот говор во кој вели дека откако започнало ширењето на вирусот, тој останал ист.

„За да се спречи ширењето на вирусот, луѓето мораа да останат во своите домови, а неправењето ништо се претвори во јавен сервис. Мрзеливоста спасуваше животи, а јас бев шампион во полето“, се вели во рекламата.

Кампањата брзо се прошири на социјалните мрежи и доби позитивни критики. Но сепак, не сите беа задоволни.

Дел од јавноста го критикуваше видеото поради споредби со Втората светска војна.

„Тие не само што се шегуваа со мртвите од Втората светска војна, туку и со преживеаните кои можат да зборуваат за искуството“, бил еден од добиените коментари.

Кристин Рихтер, комуникациска експертка, изјавила дека има помешани чувства за кампањата.

Според Рихтер, на една страна, повлекувањето на паралели помеѓу сегашноста и минатото отвора етички прашања, а од друга страна таа го пофалила хумористичниот и емоционалниот пристап од страна на властите.

Извор: BBC