Гејшите во „двојна криза“ поради пандемијата од коронавирусот

Поради пандемијата со коронавирусот, најголемата сестра во токискиот гејша реон „Акасака“, Икуко, е исплашена за својата професија.

Иако бројот на гејшите кои се познати по нивните остроумни разговори, убавина и грациозност за традиционалните вештини опаѓа веќе со години, Икуко и нејзините колешки се без работа веќе со месеци поради вонредната состојба во Јапонија, па сега тие се обидуваат да работат под мерките за заштита и физичко дистанцирање.

„Имаше повеќе од 400 гејши која јас дојдов во Акасака, беа толку многу што не им ги паметам имињата. Но времињата се променија“, истакнала 80 годишната Икуко.

„Веридбите се намалени за 95% и веќе се воведени нови правила – забрането е точење на алкохол, забранет е физичкиот контакт и сите се оддалечени 2 метри. Маските се тешки за носење поради периките, па многу од гејшите не ги носат.

„Кога се седи блиску, се разговара со чувства и видлива е страста. Кога некој е оддалечен 2 метри, разговорот се прекршува“, додала таа.

Геишите не се единствените јапонски уметности кои се во опасност. Изведувачите на „џутамаи“, народен женски танц, исто како и шминкерите, стилистите за перики и кимоно танцувачите признале дека коронавирусот може да ги уништи нивните уникатни професии.

„Сите мои настапи се откажаа“, изјавила Митсунага Канда, која веќе со децинии ги шминка гејшите и изведувачите.

„Ние ја допираме кожата и нивното лице, и иако не разговараме сепак сме многу близу – нешто за кое сега сме многу свесни“, истакнала шминкерката која сега користи визири за да се заштити.

Пред 30 години во Акасака живееле 120 геиши. Сега во цело Токио има останато само 230 геиши.

Лекциите и кимоната се скапи, а платите се високи во зависност од популарноста. А некои од вештините, како на пример остроумен и шеговит разговор може да се добијат само со време и искуство.

Геишите се обидуваат да се приспособат на новите мерки, иако за нив помислата на втор бран е многу страшна.

„Работиме во најголемите простории. Правиме се што е можно да за да одржиме оваа култура во живот“, изјавила Шота Асада, сопственичка на луксузан ресторан каде што настапуваат геишите.

Извор: Independent