[Галерија] Внатрешната убавина на солзите

Изгледаат како снегулки, но ова се слики на солзи, видени низ микроскоп. Холандскиот научник и фотограф Maurice Mikkers собира солзи од многу луѓе, кои потоа ги кристализира и фотографира. Тој открил дека секоја солза е единствена, како снегулка, а неговите солзи и фотографии ги собира во проектот „Imaginarium of Tears

te-1

Солзите може се поделат на три вида: основни (кои постојано се лачат за да го одржуваат окото влажно), рефлексни (кои се појавуваат кога во окото ќе влезе некое надворешно тело) и емотивни солзи (кои се јавуваат кога сме тажни, лути, вознемирени или среќни).

te-2

За да открие дали има разлика во составот на трите вида солзи, Mikkers ги ангажирал пријателите во своевиден експеримент.

te-5

„Сите солзи содржат мноштво различни биолошки супстанци, меѓу кои масла, антитела и ензими, сето тоа во солена вода. Решив да направам експеримент со моите пријатели. Ги викнав кај мене и им дадов избор од начини на кои ќе заплачат. Опциите беа: да сечат кромид, да јадат лути пиперки, да гледаат во фен или да плачат од тага или среќа. За да видам дали има сличности или разлики во структурата на солзите, секоја капка ја гледав низ микроскоп“, вели Mikkers.

te-3

Tој открил дека изгледот на структурите кои се гледаат на снимките многу зависи од начините на кои се сушат и кристализираат солзите, па две солзи кои се добиени на ист начин, можат да изледаат многу различно одблиску.

te-4

„Така, мислам дека може да се каже дека разликите во солзите кои се гледаат овде не се разлики во потеклото и начинот на формирање, туку само го покажуваат составот на солзата и околностите под кои таа се кристализирала. Во секој случај, прекрасни се за гледање“, заклучува научникот.

te-6

Извор