[Галерија] Уметник претвора зборови во логоа

Џи Ли е уметник кој од обичен збор создава лого кое го обликува според неговото значење. Тој неодамна направи уште неколку калиграми и објави интерактивна електронска книга. Ли првпат почнал да игра со зборови пред 20 години, додека следел настава за типографија на уметничко училиште.

„Кога бевме деца, буквите беа како играчки. Си игравме со нив и ги боевме во книгите. Танцувавме и пеевме, учејќи дека „к“ е за „колачиња“. Наскоро, буквите се претворија во зборови. Зборовите се претворија во реченици, а речениците во мисли“, вели Ли.