[Галерија] Скопје Вегефест во Ла Кања

Старата скопска чаршија викендов живее во знакот на Скопје Вегефест 2013. Првиот ден според интересот и посетеноста ги надмина очекувањат, велат организаторите. За денеска најавуваат нови активности, многу веганска храна и низа работилници.

[Галерија] Скопје Вегефест во Ла Кања

Најпосетени беа штандовите со храна поставени пред клубот Ла Кања. Веганските бурита, сендвичи, но и сировата храна брзо ја снемуваше пред бранот посетители. Најмладите цртаа и слушаа за веганството во детското катче, поборниците за здрав живот ја посетија работилницата за јога, но и учеа како од овошје и зеленчук може да зготват вкусни јадења. Покрај предавањата за веганството, оние најупорните останаа на забавата која до доцна во ноќта се случуваше во клубот Ла Кања.

„Позитивно сме изненадени од големиот интерес што го побуди овој фестивал. Граѓаните доаѓаат информирани за веганската храна, но и со принципот на ненасилство кој е дел од веганскиот начин на живот. Се надевам дека преку Вегефест успеваме да ја доближиме филозофијата на веганството, движење кое од ден на ден расте и рапидно се засилува, а кое како основен постулат подразбира исклучување на било каков облик на искористување на животните“, вели Ива Апостолска, еден од организаторите на Вегефест во Скопје.

Програмата денеска почнува напладне, а ќе трае до полноќ. Годинава мотото на фестивалот е „Револуција која почнува во твојата чинија“.

Во продолжение низ фотографии како мина вчерашниот ден:

[Галерија] Скопје Вегефест во Ла Кања

[Галерија] Скопје Вегефест во Ла Кања

[Галерија] Скопје Вегефест во Ла Кања

[Галерија] Скопје Вегефест во Ла Кања

[Галерија] Скопје Вегефест во Ла Кања

[Галерија] Скопје Вегефест во Ла Кања