[Галерија] Промоцијата на книгата „Гуш и Бац“ со јазикот на Ерато

Пред бројна публика, со целосно продаден прв тираж, викендов во Чифте Амам беше промовирана книгата „Гуш и Бац“ во која се содржани зборовите на единаесетгодишната Ерато, девојче со аутизам, кои се преведени на 19 јазици и илустрирани од 33 креативни луѓе.

„Вистинско богатство е да се има пријатели кои искрено и со голем ентузијазам учествуваа во креирањето на овој проект. Им благодарам на сите кои ми помогнаа и поддржаа или што би рекла Ерато Бац МаКнигата“, вели Зоран Кардула, уметник и татко на Ерато.

Средствата собрани од продажбата на книгата и на илустрациите се наменети за реедукација, односно работа со дефектолог и логопед на оние дечиња со аутизам кои не можат да си го дозволат тоа.

Погледнете дел од фотографиите на Ванчо Џамбаски, од оваа несекојдневна промоција.