[Галерија] Новите седум светски чуда се речиси изградени

Од Британија до Средниот Исток и Кина, архитектите и инженерите ги поместуваат границите на возможното и ги изведуваат најголемите градежни зафати на модерното време, наречени „нови Седум светски чуда“. Во следните неколку години, сите овие чуда на модерното градежништво ќе бидат завршени.

Британската архитектка со ирачко потекло Зада Хадид е ангажирана за изградбата на гигантскиот аеродром Даксинг во близина на Пекинг, кој ќе биде најголем во светот. Новиот Терминал 1 ќе биде дизајниран на начин што ги скратува далечините за пешачење на патниците, но и натаму ќе биде подолг од еден километар од еден до друг крај:

[Галерија] Новите седум светски чуда се речиси изградени

Кралската кула во Џеда, Саудиска Арабија ќе биде новата највисока зграда на светот – првата повисока од 1000 метри. Таа ќе биде висока точно 1008 метри и ќе има 252 ката (167 „вистински“ ката на кои може да престојуваат луѓе).

[Галерија] Новите седум светски чуда се речиси изградени

Огромната зграда треба да биде завршена во 2019 година, а првичните проценки за цената на изградбата се движат меѓу 4.6 и 5.5 милијарди долари.

[Галерија] Новите седум светски чуда се речиси изградени

Мостот кој ќе ги спојува Макао, Хонг Конг и Жухаи треба да биде завршен на крајот на 2016 година. Станува збор за збир од мостови и подводни тунели, кои заедно ќе се протегаат на преку 50 километри. Најдолгиот мост преку вода во светот (29.6 километри) ќе биде дел од овој комплекс.

7-3

Во 1986, советските инженери мораа да постават набрзина „склопен“ бетонски саркофаг над реакторот на нуклеарната централа Чернобил, по катасрофалниот дефект кој доведе до најголемата нуклеарна несреќа на сите времиња. Сега, во обид конечно да се затвори еколошкиот проблем предизвикан од „мртвиот реактор“, се гради огромна метална структура преку целиот објект, која ќе се користи за уривање на остатоците од реакторот.

7-4

Хотелот Абраџ Кудаи во Мека, Саудиска Арабија треба да биде дел од решението на проблемот со сместувањето на преку два милиони аџии од целиот свет, кои секоја година доаѓаат во муслиманскиот свет град. Овој комплекс од 12 кули, кој треба да биде отворен во 2017 година, ќе има 10.000 хотелски соби, 45 катови, и пет платформи за слетување на хеликоптери. Цената на ова гигантско здание е 3.5 милијарди долари.

7-5

Новата линија на подземната железница во Лондон, ткн. „Crossrail“, со своите неверојатни предизвици за премостување на подземната инфраструктура во главниот град на Велика Британија, претставува вистинско архитектонско чудо. Мрежата долга 118 километри треба да почне да се користи во 2019 година.

7-6

Новиот стадион во Париз, кој ќе биде главно користен за натпревари во рагби, ќе има 82.000 места и терен кој се повлекува у заменува по потреба. Зградата е дел од новите решенија за изградба на стадиони, со тренд кој се движи кон изглед кој е повеќе градски и далеку од футуристички.

7-7

Извор