[Галерија] Најдобрите пријави на натпреварот за Патувачка фотографија на National Geographic

Престижниот натпревар на магазинот National Geographic привлекува некои од најдобрите фотографи низ светот, професионални, но и аматерски.

Пријавувањето за натпреварот годинава беше затворено на 30 јуни, но победниците нема да бидат објавени до август. Сепак, уредниците на Nat Geo ги објавија нивните омилени пријави.

Ова се некои од најдобрите пријавени фотографии од природа, кои се борат за најдобрите места во категоријата и главната награда – десетдневно патување за двајца на архипелагот Галапагос, со експедиција на National Geographic.