[Галерија] Најдобрите фотографи патувачи за 2018

Фотографи од 142 земји низ светот пријавиле преку 20.000 фотографии на овогодишниот напревар за Патувачки фотограф на годината. Победничките фотографии ќе бидат прикажани на бесплатна изложба на Лондонскиот мост на пролет.

Во продолжение ви ги прикажуваме победниците во посебните категории:

Севкупен победник – Стефано Пенсоти / Италија

Млад фотограф патувач на годината – Изабела Смит / САД

Млад фотограф патувач на годината под 14 години – Даниел Куриан / Австралија

Лица, луѓе, култури – Маринка Масеус / Холандија

Природен свет – Хавиер Харанц Касељас / Шпанија

Патувачко портфолио – Матјаз Кривиц / Словенија

Топло и ладно – Хе Џјиан / Кина

Смиреност – Симон Морис / Велика Британија

Нов талент, Фестивали и настани – Жозе Антонио Росас / Перу

Смартфон и таблет фотографија – Никола Јанг / Велика Британија

Целата галерија со наградени и избрани фотографии можете да ја погледнете на официјалната интернет страница на натпреварувањето.