[Галерија] На магаре долж линијата на Македонскиот фронт

Еден век од Македонскиот фронт за време на Првата светска војна, двајца патувачи, придружувани од водичот Петар Нолев, со магаре и мазга, пешачеја по патот на борците на овој фронт од 1916 година: 240 километри пеш, од Битола до Солун. Овој марш е, како што велат, своеволен чин во чест на паднатите борци.

Дипломатот Емануел Рембер и новинарот Емануел Ешт поминаа 12 дена пешачејќи низ рововите на Македонскиот фронт, но и по стапките на Роберт Луис Стивенсон, авторот на книгата „Патување со магаре низ Севените“, 1879 година и поезијата на Френсис Џејмс (1868 – 1938).

Патувачите водеа дневник во којшто ги опишаа најсилните мигови, доживувањата и историските случки по трасата.

Во продолжение, погледнете како изгледаше нивното патување долж некогашниот Македонски фронт.