[Галерија] 100 години стари протестни постери од борбата на жените за право на глас првпат јавно достапни

Неодамна откриените постери, стари 100 години, кои ја покажуваат борбата за правото на глас на жените, за прв пат ќе бидат јавно изложени на Универзитетот Кембриџ. Изложбата е наречена „Нашето оружје е јавното мислење“ со илустрации кои ја прикажуваат силата и чувствата на жените кои пред еден век се бореле за рамноправност.

Насловени како „Библиотекар“, постерите биле доставени на библиотеката на Универзитетот Кембриџ околу 1910 година, спакувани во хартија, и потребни биле преку 100 години за содржината на кесата да биде откриена во 2016 година, зачувана во оригиналното пакување.

А внатре била пронајдена една од најголемите оригинални колекции на постери за женското право на глас од раниот 20-ти век. Тие биле испратени од една од водечките личности на движењето на сифражетки, Марион Филипс, која подоцна станува пратеник за Сандерленд од Лабуристичката партија во 1929 година.

Непозната е причината зошто Филипс ги испратила постерите.

Постерите ќе бидат изложени за да се одбележи стогодишнината на британскиот закон за претставништо од 1918 година, со кој на жените им било дадено право на глас од 30-годишна возраст.