Француските месари се исплашија од веганите, побараа полициска заштита

Француските месари побараа полициска заштита од Министерството за внатрешни работи поради напади и насилство од група вегани кои се спротивставуваат на конзумирањето месо и искористувањето на животните за храна.

„Сметаме на вашите услуги и на целата поддршка од владата дека што побрзо ќе престане физичкото, вербалноот и моралното насилство кои го трпат месарите“, се вели во писмото, испратено на 22 јуни, а кое го напиша претседателот на Француската конфедерација на месари, продавачот на сувомеснати производи и деликатеси Жан Франсоа Гојар.

Тој изрази жалење за неодамнешното „заплашување“ на месарите и „насилството“ кое се прави.

Вкупно 18. 000 месари во Франција се „загрижени поради последиците од претераното медиумско промовирање на веганскиот начин на живот“, вели Гијар, изразувајќи шокираност што дел од популацијата сака да го наметне својот животен стил на останатите, односно својата идеологија.