Франција го усвои законот за заштита од сексуално насилство кои ги штити малолетниците

Францускиот парламент го усвои предлог законот против сексуално насилство на деца, според кој возрасната граница за согласност е 15 години, пренесува „Euronews“.

Според новиот закон, сексуалните акти со деца под 15 години ќе се сметаат за силување, а прекршокот носи 20 годишна затворска казна.

Францускиот министер за правда Ерик Дупонд Морети го прогласи законот за историски, каде казната за чинот е прилагоден според останатите западни нации.

Според законот, отсега детските предатори нема да може да се бранат дека ја добиле согласноста при сексуален чин врз малолетници.

Законот беше едногласно усвоен од страна на Народното собрание на Франција, со 94 гласа „за“ и без ниту еден глас против.

По собранието, францускиот Сенат исто така го усвои законот.

Законот е усвоен откако претходно беа објавени книги кои отворија дебата за педофилијата во Франција.

„Жртвите веќе не се сами, ги слушаме“, изјавил Морети.

Законот вклучува и член именуван „Ромео и Јулија“, со кој се дозволуваат врски со малолетници само доколку возрасната граница помеѓу партнерите е помала од пет години.

Ваквиот член бил вметнат за да не се криминализираат согласни врски меѓу младите, но членот наишол на негативни критики од неколку асоцијации за детски права.