[Фото] Тротоари во општина Центар претворени во паркинг зона

Десниот тротоар подарен на кафана, левиот на автомобили, соопштува преку Фејсбук иницијативата „Здравје пред профитот“.

Од таму објавија неколку фотографии низ делови од општина Центар, каде се забележуваат возила паркирани по јавен простор – тротоар.

„Здравје пред профит во Центар“ е платформа од група граѓани на Дебар Маало и Центар за подобрување на квалитетот на живот во општината.