[Фото] Слободна паркинг-зона на пешачко-велосипедската патека покрај Вардар

Рутата денешна минува низ кејот на Вардар. Тој би можел да се користи за рекреација и одмор од градските гужви, сообраќајници, паркирани возила, бучава, но за жал помеѓу западната галија и мостот „Гоце Делчев“ има паркирани возила кои не припаѓаат таму, велат од велосипедската иницијатива „НаТочак“.

Иницијативата смета дека, за жал, на вакви глетки се научија оние кои се движат во центарот, а истото може да биде едноставно решено со поставување на столпчиња и казнување на оние кои паркираат на необележан паркинг.