[Фото] Руинирано основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Струга

„Каде е ова, Хирошима?“, „ Се надевам дека фотографиите не се од училиштето“, се дел од коментарите поттикнати од фотографиите кои кружат на социјалните мрежи, а се однесуваат на лошите услови во основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Струга.

Имено, на фотографиите кои се објавени на Фејсбук може да се види застарената инфраструктура на училиштето и искршениот инвентар.

За „Алсат-М“, директорката на училиштето изјавила дека до крајот на септември ќе биде ставен во функција новиот објект што се гради, а каде е предвидено да посетуваат настава учениците од ова училиште.

Инаку, претходните години медиумите во повеќе наврати информираа за ситуацијата во ова училиште, а пред четири години имаше и најави за бојкот на наставата од учениците.