[Фото] По сообраќајка, градските служби заборавиле да го исчистат тротоарот

И една недела по сообраќајната незгода на бул. „Теодосиј Гологанов“ , пешачко – велосипедска патека е покриена со искршени плочки од бекатон и метални столпчиња, алармираше иницијативата „НаТочак“.

„Нередот е предизвикан од сообраќаен судир кој се случил на 21.10.2017, денес е 27.10.2017. Град Скопје Официјален профил која е причината што нередот не е среден досега на ваква фреквентна локација?

Доколку нередот беше на коловоз, веруваме немаше третманот да е ист. Нашата заложба, а веруваме и на Градот е пешачењето и велосипедскиот сообраќај да се третираат како рамноправен сообраќај со моторниот. И тоа мора да се покаже со грижа за проодноста и на тротоарите и велосипедските патеки / ленти, не само на коловозот“, порачуваат од НаТочак.