[Фото] Нов протест пред Собрание за чист воздух

Еден месец по првиот протест, граѓани се уште реагираат за потребата од чист воздух. Тие и денес застанаа пред Собрание барајќи од институциите да свикаат итна владина седница поради огромното загадување.

Во нивните барања се споменува и вклучување на експерти кои реално би помогнале за подобрување на состојбата, Владата да ги употреби сите потребни средства за справување со овој проблем, како и вклучување на претставници од граѓанскиот сектор во надлежните контроли за големите загадувачи.