[Фото] Младите од Тетово преку чистење на кејот порачуваат дека и ѓубрето е корисно

„ОК Кеј“ е наречена акцијата која вчера ја спроведоа млади од Тетово и околните населени места за чистење на кејот на реката Пена. Во акцијата се поставуваа корпи за ѓубре изработени од рециклирани материјали, со порака дека и собраното ѓубре може да биде корисно.

Еколошката акција, која се одвива веќе три недели, е дел од проектот „Трансформерс“, реализиран од Центарот за балканска соработка „Лоја“. Проектот има цел преку трансформативни акции да да поттикне ангажирање на граѓаните од локалните средини, од тетовскиот и од штипскиот регион, во адресирање на локални проблеми преку алатките кои ги нуди уметноста – како и за поттикнување на понатамошни активности кои ќе водат кон понуда на решенија за локалните проблеми и отворање на широк дијалог во нашите заедници за заедничко граѓанско дејствување.