Фото-конкурс на тема „Холандија во Македонија“

Холандската амбасада во Македонија распиша конкурс за фотографија под мотото „Холандија во Македонија“, по повод Националниот ден на Холандија.

Оттаму ги повикуваат сите кои фотографираат, без разлика дали се професионалци или аматери, да учествуваат со свое дело.

„Ние бараме фотографии кои се направени во Македонија, а кои потсетуваат на Холандија, во однос на бои, животен стил или се друго што поврзува“, се вели во повикот.

Жири ќе ги разгледа испратените фотографии и ќе одбери 10 кои ќе бидат изложени за време на манифестација по повод Националниот ден, на 25 април. Најдобрите три, пак, ќе бидат наградени со велосипед (прво место) и ваучери за фотографска опрема (второ и трето место). Сите десет добитници ќе бидат повикани да учествуваат на манифестацијата и ќе добијат специјална награда.

Правила:

Краен рок за учество на конкурсот е 17 април.

Фотографиите треба да се направени во Македонија и да се со големина од минимум 2 мегабајти до 5 мегабајти. Организаторите може да побараат поголеми резолуции за изложбата. Учесниците кои ќе користат премногу ефекти за разубавување на фотографијата, ќе бидат дисквалификувани.

Фотографиите се испраќаат на NlinMK@yahoo.com со назнака „FOR THE PHOTOCONTEST“. Е-мејлот треба да содржи: име и презиме, години и детали за контакт на авторот (телефонски број, е-мејл). Потоа, да се наведe местото каде е направена фотографијата, заедно со наслов на фотографијата.

Повеќе информации за конкурсот може да погледнете на следниот линк.