[Фото] Игралиштето во Карпош се уште е опасност за децата

Детското игралиште во Тафталиџе, каде пред еден месец се сруши лулашка и беше полесно повредено шестгодишно девојче, веќе еден месец се уште е во очајна состојба, реагираат граѓани. На социјалните мрежи кружат фотографии на кои се гледаат извадени штрафови од лулашки, кои дел од нив немаат ниту подлога.

„Владата и опозицијата се сликаа, се критикуваа меѓусебно, ама игралиштето се уште преставува опасност за децата“, напиша локален активист на својот Фејсбук профил.

Тој прашува дали е потребно да се случи уште еден немил случај за надлежните вистински да преземат мерки и да го решат проблемот.

Последниот случај донесе лавина реакции. Дел сметаа дека културата на нивните сограѓаните не е на задоволително ниво, односно дека не знаат да ги чуваат, а истовремено голем број карпошани реагираа за стандардизацијата и безбедноста на реквизитите.

Дете „летна“ сосе лулашка во Карпош, одговорните се препукуваат