[Фото] Герила акција на Fridays for future: Нула остварени владини мерки за животна средина

Активисти на скопскиот огранок на Fridays for future со транспаренти во рака денеска застанаа пред хотелот каде заменик министерот Јани Макрадули треба да учествува на регионална конференција посветена на аерозагадувањето.

Со герила акција порачаа дека не е остварена ниту една владина мерка, покрај бесконечните организирани конференции. Побараа поголема транспарентност и нивна вклученост во ваквите настани.

„Цело време се прават некакви извештаи, се подготвуваат стратегии, акциски планови, а не се преземаат никакви мерки. Воедно и затоа што нема некаква посебна транспарентност околу организација на вакви важни настани за нашата земја и целата планета. Истовремено да укажеме на тоа дека има некој што е свесен за проблемот и го следи“, изјави младата активистка Симона Стојчевска за Радио МОФ.

На конференцијата учествуваат претставници од Меѓународната алијанса за здравство и животна средина и граѓански организации од земјите од Западен Балкан.

Мартин Колоски