[Фото] Француски музеј претстави фотографии од свет што исчезна за еден век

Неверојатни фотографии во боја што неодамна беа поставени во француски музеј прикажуваат како технологијата и геополитиката го променија светот во изминатите 100 години, пренесува Радио Слободна Европа.

Музејот „Алберт Кан“ од чија збирка се дел фотографиите кои во висока резолуција го пренесуваат светот пред 100 години, се реновираше и повторно се отвори во април годинава. Тогаш беше ажуриран и дигиталниот портал на музејот, преку кој се достапни фотографиите. Станува збор за околу 72,000 фотографии кои се дел од проектот „Архива на планетата“.

Проектот бил лансиран уште во 1909 година од банкарот Алберт Кан. Тоа се случило веднаш откако автохром, првата одржлива технологија за филм во боја станала достапна.

Тогаш десетици француски фотографи биле испратени низ светот со задача да фотографираат, односно да зачуваат „еднаш и засекогаш одредени аспекти, практики и начини од човековата активност чие фатално исчезнување е само прашање на време“.

Во продолжение погледнете дел од фотографиите во збирката:

Жени во Опеница, денешна С. Македонија во 1913 година

Аскет во пепел и неговиот придружник во Лахоре, денешен Пакистан во 1914 година

Козар на брегот на Вардар во Скопје, С. Македонија во 1913 година

Продавачи на жито во Приштина, Косово во 1913 година

Семејство во Франција во 1914 година

Католичка во Сараево, Босна и Херцеговина во 1912 ги покажува своите тетоважи. Балканската католичка практика на тетовирање беше укината и забранета со доаѓањето на комунизмот во Југославија по Втората светска војна

Две танчарки во Севилја, Шпанија во 2014 година

Продавач на лимонада во Белград, Србија во 1913 година

Вооружени мажи чуваат ерменска аптека во Адана, денешна Турција во 1914 година / Оригиналниот напис гласи: „Сирија, Адана, ерменска аптека“

Фотографиите и текстот се преземени од: Radio Free Europe, Musée Albert-Kahn (Courtesy Image)