Промоција на монографијата „АКТ – театарот низ фотографии“

Во рамки на 77 годишнината од постоењето на Македонски народен театар (МНТ), ќе биде промовирана монографијата „АКТ – театарот низ фотографии“, од Кире Галевски.

Промоцијата на монографијата ќе се одржи на 8 април, петок, со почеток во 19 часот на големата сцена во МНТ.

Во монографијата се претставени театарски фотографии од дел од претставите изведувани во МНТ, од 1993 година, до денес.

Во монографијата се содржат и есеи од авторите Искра Гешоска, Дејан Дуковски, Sвездан Георгиевски, Нина Николиќ, Ѓорѓи Јолевски, Срѓан Јаниќијевиќ и Ивана Јарчевска.

Ликовното и графичкото уредување е на Зоран Кардула, а уредник е Билјана Црвенковска.