[Фото] Целата историја собрана во една мапа

„Хистомап“, односно историската мапа, е графикон создаден од Џон Б. Спаркс во 1920-тите години, а прв пат бил отпечатен во 1931 година.

Овој огромен, амбициозен графикон, кој се совпаѓал совршено со трендот на објавување на научни книги или реална литература, е „дестилација“ од целата човечка историја дотогаш, разбирлива за необразованиот човек.

Хистомапата е долга  1,5 метри, а се продавала за еден долар. Историчарите и критичарите тогаш ја оцениле како „јасна, живопосна и лишена од елаборирање“.

Графиката става акцент на доминацијата, користејќи боја за да покаже како моќта на различни народи еволуирала низ историјата.

Успехот на Спаркс го навел да објави уште најмалку две (колку што е познато) Хистомапи – за религијата и за еволуцијата. Сите три мапи беа неодамна дигитализирани.