Филмски фестивал за деца и млади во Кинотека на Македонија

Седумката е број со посебно значење скоро во сите култури. Имено, тој е среќен број. За нас, бројот седум оваа година, исто така, има посебно значење зашто во април, во Кинотека на Македонија, по седми пат ќе се отворат вратите за Детскиот фестивал за слика и филм (БУФ), најавуваат од Гете-Институт, организатор на фестивалот.

„И оваа година со особено внимание го направивме изборот на филмови. На програмата се наоѓаат пет актуелни и возбудливи играни филмови, кои се оценети од страна на Сојузната комисија за вреднување на филмови и медиуми на Германија и кои како исклучително вредни дела се одликувани со оценката „вредни“ или „посебно вредни“. Ги уверуваме сите љубители на филмот дека за секого ќе има нешто возбудливо, поттикнувачко, забавно или поучно и, секако, дека ќе има нешто за сечиј вкус“, стои во најавата за фестивалот.

Еве ја целосната програма:

Биберковци и клетвата на Црниот крал“ (Die Pfefferkörner und der Fluch des Schwarzen Königs)
24.04. , 12:00
26.04., 12:00
28.04., 12:00

Венди“ (Wendy)
23.04., 12:00
25.04., 18:00

Тајната на смарагдот“ (Smaragdgrün)
26.04., 18:00
27.04., 12:00

Беше еднаш во земјата на Индијанците“ (Es war einmal Indianerland)
23.04., 18:00
28.04., 18:00

Амели трча“ (Amelie rennt)
25.04., 12:00
27.04., 18:00