Филмот „Младост“ на Сорентино во Кафе-киното во Сули Ан

Филмот „Младост“ (Youth) на италијанскиот сценарист и режисер Паоло Сорентино ќе биде прикажан вечер во Кафе – киното во Сули Ан, со почеток во 21 часот, во рамки на Скопско лето 2016.

Улогите во филмот ги толкуваат актерите Мајкл Кејн, Харви Кајтел, Рејчел Вајс, Пол Дано, Ед Стопард, Џејн Фонда, Палома Феит.

Филмот минатата година ги доби наградите за најдобар европски филм, за режија и за машка улога, а беше номиниран за наградите Оскар, Златен глобус, Цезар, канската Златна палма.