Филмот „Ќе дојдат децата“ награден на фестивал во Тирана

Краткиот филм „Ќе дојдат децата“ на режисерката Ана Јакимска освои награда за најдобар дебитантски филм на „Тирана филм фестивал“ во Албанија.

„Наградата и ја посветувам на цела екипа што стои зад овој филм“ е пораката која ја упати Јакимска преку Фејсбук, објавувајќи и фотографија од доделувањето.

„Ќе дојдат децата“ претходно доби признание за најдобар краток филм на Меѓународниот филмски фестивал Мекиненса, Шпанија.

Исто така, филмот беше номиниран за најдобар краток филм на престижниот фестивал во Шангај, а беше прикажан и во официјална селекција на филмски фестивали во Јужна Африка, Мароко, Италија, Црна Гора и Косово.