Фејсбук воведе нова функција што ќе им помогне на лицата со оштетен вид да следат објави

Во обид да го подобри искуството за социјално вмрежување на корисниците со оштетен вид, Фејсбук воведе нова функција во својата iOS апликација, за да им помогне да „гледаат“ фотографии.

Со помош на AI, апликацијата автоматски генерира опис на секоја фотографија што ќе ја види корисникот. Кога го користат читачот на екран на iOS, можат да слушнат листа од работи што ги има на фотографијата како на пример „фотографијата може да содржи три лица, насмеани, на отворено“.

Описите, наречени Автоматски алтернативен текст, претставуваат алтернатива на фотографијата во вид на текст. Претставува стандардна HTML  особина наменета за да ја зголеми пристапноста до алатки за читање на екранот.

AI ја користи технологијата на Фејсбук за препознавање на објект за да открие што има на фотографијата. Од компанијата велат дека им биле потребни десет месеци за да ја развијат оваа функција до денешната фаза, користејќи нервни мрежи кои го имитираат мозокот, за да научат како се препозната слика, откако биле тестирани на милиони примери.

Автоматскиот алтернативен текст е достапен на англиски за iOS корисниците во САД, Велика Британија, Канада, Австралија и Нов Зеланд. Фејсбук вели дека наскоро ќе ја промовира оваа функција во повеќе платформи, јазици и земји.