Европскиот парламент го окончува летното и зимско сметање на времето

Европа е чекор понапред во укинувањето на праксата на поместување на стрелките на часовниот двапати годишно, за летно и зимско сметање на времето.

Европскиот парламент гласаше во насока на прекинување на оваа практика, по што во соработка со земјите членки треба да се договори како тие ќе постапат во иднина. Крај на поместувањето на стрелките на часовникот ќе се стави во 2021 година.

Така, со предложените амандмани, владите кои планираат засекогаш да останат во летното сметање на времето последен пат треба да направат поместување на часовникот во последната недела на март, 2021 година. Оние држави пак кои го преферираат зимското сметање на времето, ова ќе го сторат во последната недела на октомври, 2021 година.

Македонските граѓани, во недела наутро, треба да го поместат часовникот за 1 час понапред, со што започнува летното сметање на времето, кое ќе трае до последната седмица во октомври.