Евгенија Теодосиевска нов директор на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“

Филмската критичарка и новинарка Евгенија Теодосиевска е избрана за нов директор на интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.

Одлуката е донесена на денешното годишно собрание на Друштвото на филмските работници по пат на мнозинско изгласување од членството на филмските професионалци.

Освен директор на фестивалот „Браќа Манаки“, филмските работници го избраа и режисерот Игор Иванов – Изи за нов претседател на ДФРМ.

Покрај Теодосиевска, за прв човек на фестивалот се кандидирала и продуцентката Лабина Митевска.

Теодосиевска е долгогодишен истакнат филмски критичар и новинар во областа на визулените медиуми. Со фестивалот „Браќа Манаки“ соработува од 2008 година како селектор на програмата за документарен филм, а во минатите две години беше и негов уметнички директор.

Во последниве две години со фестивалот раководеше Благоја Куновски – Доре, а на чело на ДФРМ беше продуцентот Роберт Насков.