ЕУ со предлог-закон што ги спречува компаниите лажно да продаваат еко-производи

Нов предлог-закон на Европската Унија ќе бара од модните компании да ги поддржат еко-рекламите со докази, пренесува „Euronews“.

Со предлог-законот, ќе се намали бројот на компании кои лажно ги промовираат своите производи како „климатско неутрални“, и дека „содржат рециклирани материјали“.

Првичниот документ, кој е разгледан од „Ројтерс“, цели да се бори против лажните еко-реклами.

„Преку предлог-законот полесно ќе се контролираат бизнисите кои тврдат дека нивните производи се еколошки“, гласи дел од предлогот, кој е подложен на промени сѐ до неговото објавување.

Овој обид за поголема контрола врз еко-практиките на компаниите се случува во време кога Европската Комисија преку претходна проценка на 150 тврдења за еко-практики, откри дека повеќе од половина, 53 отсто од рекламите на компаниите биле „нејасни, погрешни или неосновани“.