[ENGAGE] Петар Ниновски: Со „Брејнстер“ создадовме настава од иднината

Милионер не е човек што има милион долари во банка, милионер е човек кој позитивно влијае на животите на милион луѓе, кажа Петар Ниновски за време на својата презентација на ENGAGE-конференцијата за друштвен активизам.

Тој со својата платформа „Брејнстер“ вели дека се труди наместо книги и скрипти, во процесот на учење да се употребуваат нови и современи дигитални алатки. Тие досега реализирале речиси 30 проекти со кои влијаат на заедницата.

„Го создадов училиштето со настава каква што јас сакав да ја посетувам во иднина“, рече Ниновски.

Досега над 5000 луѓе изучиле одреден курс на платформата.

Ниновски вели дека сега се трудат дел од нивните практики и знаења да им ги префрлат на формалните образовни институции.

„Дали сме подготвени да бидеме дел од трансформацијата и дали со знаењето што го имаме може да придонесеме на дигиталната револуција?“, праша тој.