Експеримент: Новозеландска фирма ја скрати работната недела на четири дена

На првиот продолжен викенд од експериментот на нејзиниот работодавач, кој ја скрати работната недела на шетири дена, Кирстен Тејлор се вознемири. Како ураган, таа се предаде на домашните обврски, перење алишта, средување на градината, ги исчисти прозорците и искоси тревникот, пишува ББЦ.

Тејлор вели дека е добро да помине повеќе време со својот 21-месечен син, но до крајот на третиот слободен ден, таа беше изнемоштена.

„Навистина тој ден ми беше многу тешко“, вели низ смеа Тејлор, која е самохтрана мајка. „Јас се уште ја немам програмирано оваа рутина во мојот живот. Мислев: не знам кога следи следниот продолжен викенд, подобро е да направам сѐ. Не мислам дека завршив се , но беше продуктивен ден! ”

Тејлор е една од 200-те вработени во новозеландската фирма „Perpetual Guardian“, која шест седмици го тестира воведувањето скратена работна седница за вработените, кои работат четири дена во неделата, но добиваат плата за пет.  Експериментот започна на почетокот на март и ќе заврши во средината на април, по што податоците за продуктивноста ќе се соберат и анализираат. Вработените во јуни ќе дознаат дали новата рутина ќе биде усвоена како редовно работно време.

Новозеланѓаните работат во просек по 1.752 часа годишно, што ги прави блиски до просекот во споредба со нивните врсници на ОЕЦД. Германците трошат најмалку време за работа годишно, а по нив следуваат Данска, Норвешка и Холандија, додека Мексиканците, Корејците и Костарикаците работат најмногу часови.

Луксембург е најпродуктивната земја во светот, и покрај тоа што нејзините работници во просек работат само 29 часа неделно.

Минатата година Институтот за автономија го обнови повикот за воведување на четиридневната работна седмица, велејќи дека тоа ќе помогне да се излезе од нездравата дистрибуција на работата и да се префрли фокусот на попродуктивната работа во пократко време.

Кристин Бротертон, одговорна за човечки ресурси во „Perpetual Guardian“, вели дека многумина вработени се фокусираа како да го искористат најголемиот дел од дополнителниот ден, а тоа се одразува за нивната работа.

„Луѓето многу размислувале за тој трет ден и како најдобро да го искористат, за да можат да го променат својот живот. Некои луѓе се враќаат на работа и се неверојатно полни со енергија“, вели Бротертон.

„Луѓето тренираа за маратони, одат кај стоматологот, ги сервисираа своите возила или им вршеа набавки од продавница на своите постари родители. Но, некои луѓе не сфатиле дека ако имаме три слободни дена, четирите во канцеларија мора да бидат многу продуктивни, и ние треба да го направиме тоа”, додава таа.

Во последните две години во Шведска се тестираше шестчасовен работен ден, што даде поделени резултати. Предностите вклучуваатат 10% пад на боледувањата и повисоко задоволство од работата, но севкупно се зголемени трошоците за 20%.

Амазон, исто така, посочи дека пилотирал 30-часовна работна недела за некои вработени. Додека работниците на 30-часовната работна недела добиваат исти бенефиции како вработените со полно работно време, тие заработуваат 75% од платата – и резултатите се уште не со задоволително ниво. КПМГ и Делоит нудат четиридневни работни недели за некои вработени, под одредени услови, додека Гугл им овозможува на некои вработени целосна контрола над 20% од работната недела, надевајќи се на креативната слобода.