Еко протести во Германија по повод средбата на Г7

Преку протестите се бара постепено укинување на фосилните горива, зачувување на биолошката разновидност и поголема социјална правда, пренесува „Гардијан“.

Околу 3.500 демонстранти се собраа во Минхен додека групата на водечките економски сили (Г7) го одржуваше годишниот собир на Баварските Алпи во Германија, која претседава оваа година.

На демонстрациите учествуваа 15 групи кои ја критикуваат глобализацијата, од „Атак“, па до Светскиот фонд за дивиот свет.

Нивните  барања вклучуваат постепено укинување на фосилните горива, зачувување на биолошката разновидност, социјална правда и поголеми напори за борба против гладта.

„Моите барања за Г7 се тие да имаат јасна посветеност на енергетската транзиција, тоа е излез од фосилните горива, сите форми на фосилни горива, најдоцна до 2035 година, за да можеме да престанеме да финансираме војни и конфликти“, изјави Килијан Волтер. од „Гринпис“.

Членовите на „Оксфам“  позираа носејќи преголеми глави на лидерите на Г7 и барајќи поголема глобална еднаквост.

„Потребна ни е конкретна акција за да се справиме со многубројните кризи на нашето време. оа значи дека Г7 треба веднаш да дејствува. Тие треба да се борат против гладот, нееднаквоста и сиромаштијата“, истакна портпаролот Тобијас Хаусшилд.

Лидерите на САД, Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија и Јапонија на годинешната средба разговараат за прашања како војната на Русија против Украина, климатската криза, енергијата и претстојната криза за безбедност на храната.