ЕК ќе предложи укинување на преминот кон зимско сметање на времето

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер изјави дека ЕУ планира да го укине преминувањето од летно на зимско сметање на времето.

Според Јункер, одлуката е донесена откако огромното мнозинство граѓани на ЕУ – првенствено од Германија – кои учествуваа во истражувањето за ова прашање, побарале да се укине поместувањето на стрелката на часовникот.

Над 80 отсто од испитаниците поддржаа укинување на поместувањето на стрелките на часовниците во лето и зима, што беше спроведено помеѓу 4 јули и 16 август. Околу 4,6 милиони луѓе учествуваа во онлајн анкетата, со што таа е најголема во историјата на ЕУ. Во анкетата учествуваа околу три милиони Германци.

Зборувајќи за германскиот јавен радиодифузер ЗДФ, Јункер рече дека ќе изврши притисок за укинување на поместувачето на стрелката на часовникот и оти Комисијата за тоа ќе одлучува денеска.