ДЗС: Бројот на средношколци намален за 2,5% во споредба со претходната учебна година

Во редовните средни училишта, бројот на учениците на крајот на учебната 2019/2020 година изнесува 68 273, што претставува намалување за 2.5 % во однос на претходната учебна година. Ова го покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика.

На крајот од учебната 2019/2020 година, во Северна Македонија биле регистрирани 128 редовни средни училишта, меѓу кои 4 се специјални, а 2 верски.

Покрај ова, податоците на ДЗС за учебната 2019/2020 година, покажуваат дека бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 186 706.

Регистрирани биле вкупно 1.034 основни училишта, од кои 43 се водат како специјални, а 12 се основни училишта за возрасни.