„Домаќинство за почетници“ на Столевски ќе го отвори „Браќа Манаки“, Питер Бижу и Лабина Митевска ги добија главните награди

Годинешното 44. издание на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ ќе го отвори новиот филм на Горан Столевски, „Домаќинство за почетници“. Проекцијата и отворањето на фестивалот ќе се одржат на 23 септември во Битола.

По светската премиера на филмскиот фестивал во Венеција, филмот „Домаќинство за почетници“, македонската ќе ја има на Фестивалот „Браќа Манаки“.

Директор на фотографија e Наум Доксевски, добитник на наградата „Мала камера 300” на „Браќа Манаки“ во 2018. за краткиот филм „Види ја ти неа” на Столевски.

„’Домаќинство за почетници’ се занимава со универзалните вредности на семејството – она во кое сме се родиле и она кое самите сме го избрале. Дита никогаш немала намера да биде мајка, но сега околностите ја присилуваат да ги згрижи малата немирна Миа и бунтовната тинејџерка Ванеса, ќерки на нејзината девојка. Гледаме битка помеѓу три своеглави жени кои полека прераснуваат во семејство и ќе сторат сѐ за да останат заедно“, се вели во краткиот синопсис за филмот.

Главните улоги ги толкуваат: Анамариа Маринка (позната по филмот “4 месеци 3 недели 2 дена” на Кристиан Мунгиу) и Алина Сербан од Романија, Самсон Селим, Миа Мустафа и Џада Селим од Северна Македонија и Владимир Тинтор од Хрватска. Во споредните улоги се: Сара Климоска и Ајше Усеини од Северна Македонија и Розафа Челај од Косово. Продуцент на филмот е Марија Димитрова.

Оскаровецот Питер Бижу е добитник на наградата за животен опус Златна камера 300, а Лабина Митевска е лауреат на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, соопштија од Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.

„Станува збор за исклучителна актерка  со која и лично сум имал можност да соработувам. Едно од најсензибилните и најфотогенични лица во современата македонска кинематографија и сосема заслужено ќе го носи и епитетот ‘Голема ѕвезда на македонскиот филм’, истакна претседателот на Друштвото на филмските работници  на денешната прес-конференција, Претстедателот на Друштвото на филмски работнци на Македонија, Игор Иванов Изи.

Својата актерска кариера, Митевска jа започнува во 1994 година со една од главните улоги во филмот „Пред дождот“ во режија на Милчо Манчевски, филм кој го добива „Златниот лав“ во Венеција, а потоа следат бројни улоги во познати филмови: „Туку така под облака“, „Добредојдовте во Сараево“, „Те сакам тебе“, „Премногу лош така што Балканскиот експрес беше претходно употребен“, „Како убив светец“, „Бубачки“, „Тајната книга“, „Јас сум од Титов Велес“, „Превртено“, „Кога денот немаше име“, „Господ пости, името и е Петрунија“, „Најсреќниот човек на светот“.

Бижу има работено со бројни звучни режисерски имиња од светот на филмот како Алан Паркер, со кого во 1988 добија Оскар за драмата „Мисисипи гори“ со актерскиот тандем Џин Хекман и Вилем Дефо, а со Џим Шеридан, Питер Вир и Луј Мал ги снимија антологиските филмови „Во името на таткото“ со Дениел Деј Луис, „Трумановото шоу“ со Џим Кери и „Штета“ со Џереми Ајронс и Жилиет Бинош.