„Долу на фармата“ – изложба на британскиот уметник Данкан Хигинс

Дирекцијата за култура и уметност-Скопје во соработка со ЗГ Доминиум Културно јадро, вечерва во Музеј на Град Скопје во рамки на „Скопско лето“ организира изложба „Долу на фармата“ од британскиот уметник Данкан Хигинс.

„Проектот тргнува каде што очите никогаш не гледаат. Тоа е дел од автобиографија, дел од одговор на културата и дел собрани сведоштва изградени преку преплетена полифонична форма на слики“, соопштуваат организаторите.

Данкан Хигинс е ликовен уметник од Шефилд, Обединетото Кралство. Професор е по ликовна уметност на Академијата за уметност и дизајн во Берген, Норвешка, и професор по визуелна уметност на Трент универзитетот во Нотингем, Велика Британија.