Доделување на наградите за новинари кои пишуваат на социјални теми

Македонската платформа против сиромаштија во понеделник (19 март) во МКЦ ќе додели награди на новинарите кои својата работа ја посветиле на социјално загрозените граѓани.

Наградата насловена „Гласник на невидливите“ е благодарност за новинарите кои пишуваат на социјални теми, поврзани со  сиромаштија и социјална исклученост, а на тој начин им даваат глас на луѓето кои ретко имаат можност јавно да зборуваат за своите проблеми и се речиси општествено невидливи, велат од платформата.

Наградата се доделува за првпат и е дел од проектот „Journalism-prize goes international“ инициран од Австриската платформа против сиромаштијата, а финансиран од ЕРСТЕ Фондацијата и Европската мрежа против сиромаштија.