Дискусија на тема „Предизвици и успеси на девојките и жените од различните етникуми“

По повод Осми март, утре, 6 март, ќе се одржи дискусија на тема „„Предизвици и успеси на девојките и жените од различните етникуми во РСМ“, на која ќе се разговара за предизвиците и успесите на жените.

На дискусијата свое обраќање ќе имаат Сибел Бајрам, претседателка на Здружението за жени ромки „Лачо Диве“, Сања Поповска, генерална менаџерка на „P World“ и Ружица Антиќ, главна и одговорна уредничка на магазинот „Портрет“.

Дискусијата ќе започне во 13 часот попладне, а ќе се одржи во просториите на Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“.

Од организацијата велат дека строго ќе бидат запазени протоколите и мерките за безбедност.